logo
logo
logo

Штип и Кичево никако да добијат нови болници, НОВИ ТЕНДЕРИ ПО НОВА ГОДИНА

Vecer | 11.12.2023

Штип и Кичево никако да добијат нови болници, НОВИ ТЕНДЕРИ ПО НОВА ГОДИНА

Министерот за здравство Фатмир Меџити информираше дека околу Нова година ќе има нови тендери за доградба на новите згради на болниците во Кичево и во Штип.

Ова го најави денеска од МАНУ каде заедно со премиерот Димитар Ковачевски и министерот за образование и наука Јетон Шаќири беа на презентација на нова апаратура за генетско испитување.

Се шпекулираше дека нема да се раскине тој договор за Кичевската болница. Веќе е раскинат, поточно, приближно пред две недели го раскинав. Така како што се заложивме од првиот ден со Кабинетот, кажавме дека сите спорни прашања, сите спорни проекти во здравството, што не се градат со децении, која голгота беше и Кичевската болница, 33 години, како што знаете и со Штипската, значи ги решаваме сите отворени и спорни прашања. Така и Кичевската болница, веќе е раскинат, или пред Нова година или по Нова година, зависи од процедурите ќе биде објавена и доградбата, тендерот за Штипската клиничка болница. Така ќе продолжиме и со Кичевската болница, изјави Меџити.

Новата зграда за болницата во Кичево е почната уште во 90-тите години, а во Штип темели за нов објект се почнати пред седум години во 2016 година.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk