Сите објави кои во неколку прилики СДСМ ги најавуваше како нивни “окритија“ и асоцирајќи на времето од корумпираното СЈО ги нарече “бомби“ се јавно достапни податци кои лесно секој може да ги види на интернет на сајтовите од државните органи или, собрани на едно место, во Бизнис мрежа. Нема ништо “откриено“ што претходно било скриено.
Причината за тоа е манипулација со вртење на внимнието на јавноста и незадовослтвото во членството на СДСМ од резултатите на изборите и состојбата во партијата во која ништо не се менува, нема никакви нови идеи и проекти, остануваат и натаму добро познатите копрупирани кадри дополнети со синот на Фрчкоски кој даде отклаз на местото директор во Јавното претпријатие за станбен и деловен простор бидејќи е фатен како се дрогира на работно место. Сега може мирно да се дригира на Бихаќка.
Се уште во раководтсвото на партијата се извикани ликови од “шарените“ кои внесуваат идеологија сосема спротивна на изворните идеи и концепт на СДСМ и ги бркаат симпатизерите и членови подалеку од партијата.
Во “новото“ раководтсво е вклучено и лице Д.Н. поврзан со цвеќе и зеленило за време на власта на СДСМ познат по скандалот со исплатени стотици иљади евра за вештачко цвеќе кое се сели од еден на друг настан и место и се наплаќа во серија како ново особено кога во август 2018 владата на Заев објави тендер за цвеќе околу владата во вредност од 670.000 евра! , а исто така и соучесник во скандалот на Петре Шилегов кога се платија 500.000 евра за земја и трева на плоштадот Македонија за неполни 1.000 квадрати простор и никогаш остваареното “озеленување“ на ТЦ Мавровка за кое се платија 700.000 евра пред локлните избори во 2021 и, со основано сомневање, дека парите беа за купување гласови кои ДУИ им ги даде за СДСМ во Скопје.

Во таков амбиент СДСМ реши да го усмери вниманието на јавноста на податоци кои се јавни со етикета на „скандал“, “бомба“, нивно “откритие“ и што уште не. Да создаде естрада од политичката сцена. На своите симпатизери да им да им подари чешел за ќелава глава и да бидат среќни и задоволни.
ВМРО ДПМНЕ се обрати до јавноста со соопштение на оваа тема:
Во однос на денешната прес-конференција на опозицијата, должни сме јасно и недвосмислено да укажеме дека изнесените наводи се целосно неосновани, неточни и претставуваат груба клевета и свесна конструкција.
Обидите на опозицијата се јасни, да конструира наративи без фактичка основа.
Затоа, уште еднаш потенцираме дека сите релевантни податоци се јавно достапни и лесно проверливи преку официјалните електронски системи на надлежните институции.
Овие слаби и безидејни конструкции, лесно се распаѓаат при најосновна проверка.
Станува збор за централизирана јавна набавка за 20 министерства со одлука на Владата. Набавката на овие системи има за цел да ја зајакне сајбер – безбедноста на институциите преку навремена идентификација на безбедносни слабости и проактивна заштита од закани.
Во текот на постапката имаше две понуди, а наведениот субјект имаше најповолна понуда. Постапката беше спроведена без никаква забелешка, ниту пак покрената жалба.
Во однос на другата спомената јавна набавка, станува збор за реално потребен софтвер за проект кој го ветивме пред граѓаните со цел зголемена транспарентност и дигитализација на институционалните процеси, односно предвидува модул за следење на договорите (нивна исполнетост и количина), модул човечки ресурси, модул увид за барања од разни институции до СОЗР, прегледност на режиски трошоци и која институција колку троши.
Овие факти потврдуваат дека станува збор за тенденциозен обид за политичка манипулација, во кој се пласираат фабрикувани тврдења без ниту еден релевантен доказ.
Наводите поврзани со поединци и наводни привилегии се апсолутно неточни и се во директна спротивност со фактите и достапната документација од надлежните институции.
Јавно и одговорно тврдиме дека во сите постапки не постои ниту најмал пропуст, ниту најмала неправилност.
Опозицијата, очигледно неспособна да понуди идеи, програми или визија, повторно посегнува по стариот и веќе прочитан рецепт на измислици, но ова се бледи и безидејни конструкции кои го разоткриваат очајот на оние што ги пласираат.
Институциите работат транспарентно, законски и отчетно, а секој што тврди спротивно ќе мора своите зборови да ги поткрепи со факти, а не со празни политички конструкции.
Ги охрабруваме сите заинтересирани страни да се информираат од официјалните извори и да не подлегнуваат на политички мотивирани шпекулации.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата