logo
logo
logo

НОВ ПРОСТОРЕН ПЛАН ЗА ЦЕЛАТА ДРЖАВА, стратешки зафат за промени

Vecer | 17.12.2025

НОВ ПРОСТОРЕН ПЛАН ЗА ЦЕЛАТА ДРЖАВА, стратешки зафат за промени

Во тек е изработка на нов просторен план на државата, токму од страна на Агенцијата за планирање на просторот, истакна денеска вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски кој се обрати на настан по повод „20 години постоење на Агенција за планирање на просторот“.

-Ова е стратешки, фундаментален документ за државата, како долгорочен документ кој треба да ги даде насоките за просторниот развој и начинот на кој ќе се овозможи развој на државата и бенефит на целокупното општество, посочи Николоски.

Тој додаде дека важноста на целиот овој процес е голем од многу причини. Потенцираше дека Македонија како природна крстосница меѓу источна и централна Европа, многу очекува од овој план.

-Положбата на коридорите исток-запад, север-југ, Коридорот 8 , Коридорот 10 и Коридорот 10 Д е нешто што треба да го искористиме, како и близината во важните пристаништа, улогата како транзитна земја, не само за транспорт, туку и за енергија и трговија. Во овие глобални предизвици значајно е Македонија енергетски да се поврзува, потенцираше министерот за транспорт.

Нагласи дека тука се и автопатите, железничките поврзувања, логистичките центри, мултимодиларните јазли, одобрување на прекуграничната поврзаност.

-Ова е нешто што ќе остане и за генерации по нас. Во однос на институционалното партнерство, во Министерството за транспорт интензивно работиме со тимот во Агенција за што подобро да се реализираат стратешките приоритети на Владата. Министерството започна со изработка на софтвер за развој и управување со геопросторните податоци кои ќе обезбедат подобра интеграција со ЕУ, како и зголемена вредност на националните податоци на јвниот и приватниот сектор, нагласува Николоски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk