logo
logo
logo

Во луксузната вила на Бреговиќ на Јадранот ќе може да престојуваат и туристи- 1.400 евра за ноќ

Vecer | 25.07.2024

Во луксузната вила на Бреговиќ на Јадранот ќе може да престојуваат и туристи- 1.400 евра за ноќ

Вилата, за која пред десет години српските медиуми пишуваа дека Бреговиќ им ја купил на своите ќерки, се издава во шпицот на сезоната (јули и август) за нешто повеќе од 1.400 евра од ноќ.

„Се наоѓа на само 400 метри од плажата Пераст, нуди сместување со поглед на море, бесплатен Wi-Fi и бесплатен приватен паркинг. Ова сместување со поглед на планина нуди тераса и базен. Сместувањето нуди превоз од/до аеродром, и е на располагање и услуга за изнајмување велосипеди Пространата вила има 4 спални соби, ТВ и комплетно опремена кујна, која на гостите им нуди машина за миење садови, печка, машина за перење, микробранова печка и тостер“, стои во описот на вилата.

„Удобното, климатизирано сместување има и звучна изолација и камин. Вилата нуди постелнина, крпи и услуга за чистење. Вилата има надворешен камин и простор за излет“, се додава. Дозволени се и домашни миленици, без дополнителни трошоци. Во просториите на вилата е забрането пушење, а гостите не смеат ниту да се забавуваат во вилата.

Плаќањето може да се врши само во готово, а во вилата можат да се сместат вкупно 9 лица во четири соби. Фотографиите од вилата откриваат луксузна внатрешна декорација, а собите се украсени и со интересни пародии на уметнички дела.

Бреговиќ ја купил вилата на почетокот на 2000-тите, а во 2015 година ја реновирал и во неа вложил 20.000 евра.

„Како што често кажува самиот Бреговиќ, тоа му е втора куќа, која мора да ја одржува. Бидејќи надворешноста е под заштита, сака одвреме-навреме да ја преуредува. Често го менува мебелот, а ќе видиме што ќе смени Сега не е ништо големо, но најмногу се договара со сопругата“, изјавил извор близок до семејството за српските медиуми пред реновирањето во 2015 година.

Покрај овој имот, Бреговиќ поседува и стан во Париз, куќа на Јахорина, стан во Сараево, вила во Загреб и шест имоти во Белград.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk