Сепак, годините минуваат, сите се менуваме, старееме, па така и овој славен Британец.
Неговите најнови фотографии покажуваат дека тој драстично се променил.
Ѕвездата на филмовите „Троја“ и „Господарот на прстените“ се уште е активен како актер, но и на социјалните мрежи и со својот изглед изненади многумина, а можеме да кажеме и разочара. Изгледа запуштено и несредено, а пред само неколку години глумеше заводници и шармери.
Ја пуштил косата, а со неа се „совпадна“ и долгата брада, па на крајот доби запуштен изглед. Можеби тоа е поради некоја следна улога што му е планирана, но во секој случај, навистина не сме навикнати да гледаме ваков изглед од Британецот. На лицето му се очигледни и брчките, што е знак дека природно старее и дека не дозволува разни естетски интервенции да го спречат во тоа.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата