logo
logo
logo

Видео: Барак Обама и Мишел видени во ресторан

Vecer | 24.04.2025

Видео: Барак Обама и Мишел видени во ресторан

Брачниот пар Обамане е виден во јавноста од декември 2024 година, што поттикна шпекулации за можни брачни проблеми.

Но, сега на социјалните медиуми се појави видео кое може да им става крај на сите шпекулации дека Мишел и Барак Обама се разведуваат.

Watch on TikTok

Инаку, досега Барак постојано присуствуваше на важни настани без Мишел. Сепак, Мишел неодамна изјави дека свесно се повлекла од очите на јавноста, сакајќи да одвои време за себе по долги години живеење во центарот на вниманието.

- Луѓето тешко прифаќаат дека возрасна жена одлучува сама - нагласи Мишел. Таа додаде дека решила да направи чекор назад за да си постави важни животни прашања.

-Сега се прашувам што навистина сакам секој ден. Со кого сакам да поминувам време, дали сакам да патувам. Учам како да кажам „да“ на работи кои ме прават среќна – изјави таа.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk