logo
logo
logo

Киану Ривс и Сандра Булок повторно заедно- ќе глумат во романтичен трилер

Vecer | 03.05.2025

Киану Ривс и Сандра Булок повторно заедно- ќе глумат во романтичен трилер

Овој пат станува збор за романтичен трилер кој сè уште нема наслов, а го развива Amazon MGM Studios, потврди „Холивуд репортер“. Иако деталите од заплетот засега се чуваат строго во тајност, проектот е опишан како динамичен и интензивен.

Ривс и Булок веќе покажаа каков моќен тандем на екранот се во хитовите „Брзина“ (1994) и „Куќа на езерото“ (2006), а хемијата меѓу нив останува една од најзапаметните во современата кино продукција. Токму оваа хемија беше клучна за успехот на „Брзина“, акциониот класик од 90-тите кој заработи повеќе од 350 милиони долари, што денес би изнесувало околу 750 милиони долари. Филмот со текот на времето доби и култен статус.

Искусна филмска екипа стои зад проектот

Новиот филм е напишан од искусни имиња: сценариото е на Ноа Опенхајм, познат по биографскиот филм „Џеки“ и политичката серија на Нетфликс „Нулти ден“ со Роберт де Ниро.

Режисерот сè уште не е познат, но продукцијата е во сигурни раце. Ривс и Булок не само што глумат во филмот, туку се и меѓу продуцентите, покрај Марк Гордон, продуцентот на оригиналната „Брзина“, што му дава на целиот проект дополнителен емоционален и професионален континуитет. Во продукцијата се вклучени и Биби Дан од „The Mark Gordon Company“ и Сара Бремнер и Опенхајм од „Prologue Entertainment“.

Сандра Булок последен пат беше видена на големото платно во авантуристичката романтична комедија „Изгубениот град“, која во 2022 година оствари заработка од речиси 200 милиони долари и покрај пандемијата. Киану Ривс продолжува да бележи успех во акциониот жанр - во 2023 година беше главниот лик во четвртиот дел од франшизата „Џон Вик“, а неодамна ѝ го позајми гласот на Шедоу во филмот „Соник ежот 3“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk