logo
logo
logo

Драганче СПЛАСНА КАКО ЛЕБ БЕЗ КВАСЕЦ едвај прозборува по РАСКИНУВАЊЕТО СО ЈОВАНА ЈЕРЕМИЌ

Vecer | 03.05.2025

Драганче СПЛАСНА КАКО ЛЕБ БЕЗ КВАСЕЦ едвај прозборува по РАСКИНУВАЊЕТО СО ЈОВАНА ЈЕРЕМИЌ

Водителката Јована Јеремиќ денес објави дека таа и Драган Станковиќ раскинале по помалку од две години врска.

Јована Јеремиќ ја објави одлуката на социјалните мрежи, а сега за тоа проговори и Драган.

- Не би имала ништо повеќе да додадам, таа го објави и тоа е тоа. Не би рекол ништо повеќе освен... - Драган застана, а потоа накратко додаде:

- Нема да кажам ништо повеќе, сè убаво кажавме, тоа е. Таа убаво кажа сè во постот и тоа е тоа.

На крајот, тој заклучи:

- Се согласувам со она што го објави и би завршил тука.

Да потсетиме дека Јована не ги објасни причините за раскинувањето.

- Драги фанови и следбеници, сакам да ве известам дека Драган Станковиќ и јас решивме да ставиме крај на нашата врска од една година и 8 месеци поради различни погледи за иднината. Поминавме прекрасни денови заедно и остануваме најдобри пријатели еден со друг. Ниту тој, ниту јас нема да се огласуваме за ова прашање. Ова е нашето заедничко соопштение. Ве сакаме сите - напиша Јована на Инстаграм.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk