Том Круз е честа тема на светските таблоиди во последните неколку месеци. Лик кој знае извонтредно да се трансформира и покаже пред камерите е сосема друг човек кога камерите ги нема.
По приказната дека и се додворувал на Шакира и се обидувал на секој начин да ја изнесе на пијачка, актерот се најде во центарот на вниманието поради естетските интервенции кои се евидентни и покрај неговото упорно негирање.
Набргу по тие две стории, Том повторно го гледаме на насловните страници на странските медиуми. Овој пат познатиот актер беше фатен во автомобил по забава на која помина време со колегите по гламурозната премиера на филмот и прошетката на црвениот тепих. Том и неговите колеги прославија со голем стил, кога пристигнаа на „after party“ со ѕвездите во еден локал во Лондон.
По забавата, Том беше фотографиран од локалните папараци како изгледа уморно на задното седиште од автомобилот. Фотографиите ги обиколија сите мрежи и медиуми, а многумина коментираа дека е јасно дека многу добро се забавувал.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата