logo
logo
logo

Животот не ја мазел, и ова е дел од тоа, но ЗАТОА ПУБЛИКАТА ЈА ОБОЖУВА ПО СЕ ШТО ПОМИНАЛА

Vecer | 19.04.2025

Животот не ја мазел, и ова е дел од тоа, но ЗАТОА ПУБЛИКАТА ЈА ОБОЖУВА ПО СЕ ШТО ПОМИНАЛА

И некогаш и сега, приказната за животот на славните музички или филмски звезди ретко кога е стандардна, секојдневна, а често приказните покажуваат шокантни детали од нивната младост и детството кои јавноста не ги очекувала.

Овој пат ќе ви покажеме како изгледа “стартот“ во живоот на возрасните на една од најголемите фолк звезди не само во Србија туку во целиот регион - Весна Змијанац.

Една од најголемите музички ѕвезди од 80-тите и 90-тите, Весна Змијанац ги постави стандардите за балканскиот шоу-бизнис во однос на јавниот настап, музички спотови и сценски настап како и однос полно со емоции со публиката.

Досега има издадено четиринаесет албуми, шест синглови и неколку компилации. Најголеми хитови во нејзината кариера се: „Невера моја“, „Доѓи што пре“, „Не куните црне очи“, „Животот ти се колнам“, „Кога ќе замирисаат јоргованите“, со Дино Мерлин, „Казни ме, казни“, „Сватови“, „Идем преко земље Србије“, „Малку по малку“... и десетици други.

Весна Змијанац е родена во Никшиќ, но нејзините животни патеки како дете ја однеле во селото Ковачи, кое се наоѓа на неколку километри од Краљево.

Јавноста дознава чекор по чекор детали од нејзиниот шокантен живот, од загубенета невиност со наставникот од школо, до тешките денови на пробивање минати со пеење по локлани кафани, тешкотиите сама да га одгледа ќерката, приватни забави па се до успехот со нанстапите на големи концерти и милионскиот тираж на нејзините хитови кои ја направија славна.

Од бракот со поранешниот сопруг Влад Јовановиќ во 1989 година ја добила ќерката Николија, која по примерот на мајка си ја започнала својата пејачка кариера. Сепак, малкумина знаат дека Весна Змијанац изгубила две бебиња, а за најтешките моменти пишувала во својата автобиографска книга која го носи името на големиот хит „Кога ќе замирисаат јоргованите“.

- Јас и Влада Јовановиќ го загубивме нашето прво дете, синот, во 1986 година, кога бев во седмиот месец од бременоста. Спонтаниот абортус се случил на паузата од концертот во Младеновац. Во првите неколку недели после тоа, додека болката од загубата беше сè уште свежа, сакав и јас да исчезнам, да ме нема.

Немав поим дека, за жал, истото - и уште потешко и полошо затоа што се повтори за многу кратко време - ме чекаше помалку од една година подоцна. Го изгубив Влада и моето второ неродено дете, исто така син, а исто така во седмиот месец од бременоста, под приближно истите околности во 1987 година.

Во март 2023 година, Весна Змијанац имаше операција на отворено срце. Процедурата е направена во Клиничкиот центар на Србија, а на пејачката потоа и е поставен бајпас. Во тие моменти од неа не се одвојувале нејзината ќерка Николија, зетот Реља Поповиќ и нејзините внуки. За среќа, Весна успешно се опорави и веќе се врати на големата сцена.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk