logo
logo
logo

Тамара Грујеска оди на Сан Ремо Јуниор 2025

Vecer | 26.03.2025

Тамара Грујеска оди на Сан Ремо Јуниор 2025

Младата гостиварска пејачка Тамара Грујеска (14) вечер ќе настапи на фестивал Сан Ремо Јуниор 2025 во Италија. Настапот на Тамара на 16-то издание на San Remo Junior – Светското финале ќе биде во легендарниот театар Аристон во Санремо од 21 часот. Изведувачите ќе ги придружува оркестарот на Сан Ремо составен од 32 музичари.

– По настапот на Junior Evrosong во Ница Франција повторно стапнувам на голема светска сцена. Ќе ја пеам во живо со евровизиската победничка песна Rise Like A Phoenix. Многу сум возбудена и покрај сè она што се случи во нашата земја и се надевам дека ќе ја добијам поддршката. Вечерашниот настап го посветувам на настраданите и нивните семејства во немилиот настан во Кочани. Ќе пеам за сите нив и во нивна чест, изјави Тамара за МИА.

Таа е претставничка на Македонија на овој престижен фестивал за деца и млади, во конкуренција на учесници од Казахстан, Белорусија, Франција, Јужна Африка, Црна Гора, Молдавија, Индонезија, Бугарија, Австралија, Италија, Украина, Бразил, Германија, Аргентина, Азербејџан, Финска, Узбекистан, Индија, Австрија, Романија, Русија, Тајланд, Ерменија и Малезија.

Во досегашната кариера Тамара Грујеска е добитничка повеќе Гранд при награди на фестивали во Русија, Србија, Грција. За овој настап, Тамара се подготвуваше со нашата поп пејачка и музички педагог, Андријана Јаневска.

За годинава, Тамара има закажано повеќе настапи, меѓу кои и на фестивалот во Естонија Tallin Voice 2025 од 1 до 5 мај и на Musicland во Битола и Охрид 13 до 17 август.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk