logo
logo
logo

Трагедијата остави трага и во Хрватска: “ИЗГАСНЕТЕ ГО ТОА! ВЕДНАШ!“

Vecer | 29.03.2025

Трагедијата остави трага  и во Хрватска:  “ИЗГАСНЕТЕ ГО ТОА! ВЕДНАШ!“

Пожарот со дискотеката во Кочани кој однесе 59 млади луѓе одекна низ целиот регион, и пошироко, особено и заради начинот на кој дојде до тој пожар - поради употреба на пиротејхника.

Хрватската пејачката Барбара Бобак на настап во Загреб покажа дека е добро информирана за трагедијата во Кочани и дек настанот оставил траги и трауми кај неа.

Имено, во еден момент од нејзиниот настап биле активирани пиротехнички средства, а Барбара веднаш престанала да пее и реагирала:

“Веднаш изгасенете го тоа! Ведаш!“

Реакцијата била бурна и пиротехниката е во истиот момент изгасена за да може концертот да продолжи понатаму.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk