logo
logo
logo

БРУТАЛЕН УДАР ВРЗ “СОВРЕМЕНИОТ“ ХОЛУВУД: Публиката ја отфри “левичарската“ верзија на Снежана

Vecer | 29.03.2025

БРУТАЛЕН УДАР ВРЗ “СОВРЕМЕНИОТ“ ХОЛУВУД: Публиката ја отфри “левичарската“ верзија на Снежана

Холивуд со децении наназад е заробеник на левичарските движења и политики а последниве две децении тоа веќе не се издржува. Секој втор кандидиран или победник на Оскар во содржината има фокус на хомосексуалиам, трансродност, промена на пол, фокус на расни предрасуди кон белците, трауми во животот како последица на лошите родители и демонизација на семејството и семејните вредности... 

И тоа не беше доволно па холивудските левичари се дрзнаа и тргна да ги преработуваат и уништуваат старите култни изданија во кои се истакнуваат семејните вредности, одност кон семејството како и поддржување на односите помеѓу маж и жена. 

Да се разбие влијанието и малкуте семејни и љубовни стандарди кои опстана на старите добри холивудски филмови. На удар се најдоа и анимираните филмови на Волт Дизни кои се икони меѓу децата и постарите кои како деца ги гледале.  

Холивуд тргна со нови, крајно левичарски политики да ги “преработува“ култните семејни и љубовни филмски икони па на удар се најде и легендарниот анимиран филм на Волт Дизни “Снежана и седумте џуџиња“ на кој делумно му ја сменија и содржината но, и карактерот на ликовите “заради современите стандарди“.

Ни принцот, ни седумте џуџиња, ни љубовниот хепиенд го нема каков што е кај Дизни, но тука е феминизирањето на Снежана според урнекот на “современиот“ левичарски Холивуд.

Но, публиката брутално ги одби левичарите од холивуд!

Последниот филм на Дизни „Снежана“ беше вистинско фијаско, предизвикувајќи гнев и незадоволство кај гледачите ширум светот.

Со буџет од 270 милиони долари и големи ветувања, овој филм требаше да биде хит, но наместо тоа стана еден од најлошо оценетите филмови во историјата на Дизни.

На IMDb, филмот моментално има шокантна оцена од 1,7/10, а од 114.000 критики, дури 98.000 му дале само една ѕвезда. Критиките се целосно негативни, а многумина го нарекуваат „најлошиот филм на Дизни“.

Неговите лоши критики и празните кина само потврдуваат дека филмот не успеа да ја освои публиката. Поради лошиот прием, Дизни загуби повеќе од 100 милиони долари на овој проект досега.

Актерите, меѓу кои и Рејчел Зеглер и Гал Гадот, се соочија со критики за нивните ставови и улоги, а „Снежана“ беше нападната поради нејзините „глупави“ обиди да ја модернизира класичната бајка.

Отстранувањето на познатата песна „Someday My Prince Will Come“ и замената на седумте џуџиња со „чудни“ ликови само дополнително ги налути фановите.

„Ова е срамота“, „ја уништија магијата на Дизни“, „Не трошете си ги парите за билети за кино“ - ова се само дел од коментарите на социјалните мрежи. Филмот сега се смета за еден од најконтроверзните и слабо рецензирани проекти во историјата на Дизни.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk