Фронтменот на мегапопуларниот бенд „Манескин“ пред четири години бил оставен од неговата прва љубов Лукреција.
Дамијано и Лукреција биле заедбо кога групата „Манескин“ штотуку почнала да се пробива и се пријавила за учество на италијанското издание на музичкото натпреварување „Јас имам талент“.
Ненадејната популарност на Дамијано и групата, неговите бројни обожаватели и медиумското внимание и пречеле на Лукреција. Лукреција, ненавикната на толку внимание, многу повлечена и затворена, не можела да се справи со сето тоа и го напуштила во 2017 година.
На Италијанецот наводно му било скршено срцето и напишал некои од неговите песни само за неа.
Според италијанските медиуми, на Лукреција и пречела и блиската врска на Дамијано со басистката на групата, а таа самата не го поднела нивното раскинување. Со години се борела со депресијата, а по раскинувањето, исчезнала од социјалните мрежи.
Познато е дека Дамијано денес е во врска со Џорџија Солери, девојка склона кон егзибиционизам, на која засега не и пречи целото внимание.
Инаку, групата „Манескин“ доби специјална награда од Градот Рим за успехот на Евровизија.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата