Актерот за прв пат се огласи на својот Инстаграм по изрекувањето на пресудата.
„Има премногу луѓе кои ме поддржаа за сега да им се заблагодарам на сите. За сите вас, никогаш нема да знаете колку ја ценам вашата добрина кон моето семејство“, рече тој во објавата.
Во коментарите под објавата неговите фанови пишуваат различни пораки со поддршка. „Многу ми е мило што вие и вашето семејство сега можете да се опоравите од оваа трагична несреќа. Не заслуживте да ве влечат низ калта“, гласи еден коментар. "Отсекогаш знаевме дека тој никогаш, никогаш не би сакал некој да се повреди! Бидете нежни со себе и одвојте време да се лекувате и да уживате во животот. Ве сакаме", стои во друг коментар под објавата.
Кога судијата го прогласи за невин, актерот прсна во солзи, а неговата сопруга Хиларија Болдвин истрча да го прегрне и плачеше со него.
Да потсетиме, Болдвин ја уби кинематограферката Халина Хачинс во 2021 година, а на сетот беше ранет и режисерот Џоел Соуза. Му се закануваше затворска казна до 18 месеци за убиство од небрежност. Актерот се изјаснил за невин и рекол дека не знаел дека во пиштолот имало вистински куршум.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата