logo
logo
logo

Пи Диди бара список на луѓе кои го тужат: „Ова е хистеричен медиумски циркус“

Vecer | 23.10.2024

Пи Диди бара список на луѓе кои го тужат: „Ова е хистеричен медиумски циркус“

Неговиот правен тим му се обратил на судијата Арун Субраманијан, нагласувајќи ја потребата од идентификување на обвинителите за да се подготват за судењето закажано за 5 мај следната година.

Адвокатите на контроверзниот Диди нагласиле дека случајот е уникатен поради бројот на поединци кои се појавија во досегашниот дела од процесот. Според нив тоа е резултат на статусот на нивниот клиент на славна личност и широката медиумска покриеност.

– Овие наводи создаваат наплив на обвинувања, од лажни до апсурдни – изјавија адвокатите на Диди. Во меѓувреме, уште шест анонимни тужители поднесоа граѓански тужби против Комбс, а адвокатот што ги застапува тужителите рече дека неговата канцеларија примила илјадници повици во изминатата недела. Тој најави дека ќе претставува дури 120 луѓе.

Адвокатите на раперот изразија загриженост за „хистеричниот медиумски циркус“ што произлезе од овие наводи

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk