Актерот Сергеј Трифуновиќ синоќа ја пријавил сопругата Исидора Мијановиќ за насилство, објавија медиумите од Србија.
Полицијата дошла во станот во Вождовац каде што живеел со сопругата.
Се јавил во полиција и рекол дека трпи насилство од сопругата Исидора, која наводно се заканувала дека ќе го демолриа станот
Според српските медиуми, Трифуновиќ и неговата сопруга биле сослушани во полициска станица, а обвинителот изјавил дека нема елементи на кривично дело.
Но, утврдено е дека Исидора практично илегално престојувала во Србија, со оглед на тоа што е државјанка на Хрватска, а против неа е поднесена прекршочна пријава врз основа на Законот за странци, додаде извор за оваа веб-страница.
Според медиумите, Трифуновиќ и неговата сопруга се скарале, а кога тој рекол дека ќе ја остави, таа почнала да му се заканува. Никој од сопружниците не е повреден.
Да потсетиме, Сергеј и Исидора неодамна се венчаа во општината, бидејќи претходно правеа само црковна венчавка. Исидора и Сергеј потоа објавија серија фотографии на социјалните мрежи, а под објавата имаше честитки.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата