logo
logo
logo

Промоција на првиот број на женскиот алманах за култура и урбано живеење „Муза“

Vecer | 06.07.2024

Промоција на првиот број на женскиот алманах за култура и урбано живеење „Муза“

Со „Муза“ ќе се запознаете со жени кои се издигнале во културата, уметноста, модата, спортот, бизниси претприемачкиот сектор, образованието и науката и други области. Преку статии и совети ќе се информирате за различни ранливи групи, родова еднаквост, женски активизам, менторство и кариерен развој, интеркултурна интерпретација, меѓународни перспективи, изјави главниот и одговорен уредник Илија Талев.

Според него, името на списанието е избрано од две причини.

- Секоја жена, независно од нејзината професија, позиција во општеството, стил на живот или влијание, е нечија муза – извор на инспирација и сила. Но, Муза е еден од повисоките планински врвови на планината Баба, со надморска височина од 2.351 метри, што во случајот симболизира височина и достигнување, наведе Талев.

Издавач на списанието е Агенцијата за мода, култура и уметност „Метрополис“ од Битола.

- „Муза“ не е само списание, тоа е заедница на инспиративни жени и ментори, кои одговараат на предизвиците и ги менуваат правилата на игра. Овде, сите сте добредојдени да ги делите Вашите идеи, размислувања и приказни. Ова е Вашиот простор каде ќе ја истражиме несовршената хармонија на родовата еднаквост и женската еманципација, ќе се залагаме за инклузивна култура и ќе го одржуваме пламенот на промената, истакна Талев.

Во првиот број на „Муза“, покрај другото, има интервјуа со модната креаторка Славица Јанкуловска Цаци, мини профил на музејскиот работник Наде Геневска Брачиќ, колумна на писателката Јована Матевска Атанасова, текстови за женски активизам и други содржини.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk