logo
logo
logo

Бритни Спирс си ја запалила косата по инцидент со камин: Лицето ми беше во пламен (ВИДЕО)

Vecer | 02.10.2024

Бритни Спирс си ја запалила косата по инцидент со камин: Лицето ми беше во пламен (ВИДЕО)

Поп принцезата им порача на своите следбеници на Инстаграм дека „навистина опасниот“ инцидент се случил пред шест месеци, пренесе Пејџ Сикс.

- Бев во соба, го палев огнот и наеднаш ми експлодира во лице - се присетува пејачката (42) додека „зборува со британски акцент“: - Бидејќи мојот камин го правеше тоа претходно, ќе го замоли обезбедувањето да дојде и да го запали. Но, овој пат, само ја фрлив целата работа и буквално ми се разнесе во лице.

Спирс вели дека пламенот бил толку силен што „личноста со која била во тој момент - се разбудила“.

- Моите трепки, веѓи и – ги гледате овие бебешки шишки? Ова е од... ми гореше цела коса - опиша таа.

Добитничката на Греми била загрижена дека има изгореници од втор или трет степен и мислела дека ќе треба да оди во блница бидејќи лицето и било „како пламен“.

- Ме болеше да се допирам кога го држев телефонот. Ме болеше кога ставав мраз на лицето. Сè што допрев ме болеше. Ова се случуваше околу шест или седум часа. … Болката не престана. Беше толку, толку, толку лошо - изјави Спирс.

Конечно, таа земала три лекови против болки за да може да заспие.

– Сега сѐ е во ред – заклучила таа.

Минатата година музичарката случајно ја запалила својата домашна теретана со свеќи, а потоа изгорените останки ги покажала на Инстаграм.

- Ја поминав вратата од салата и пламенот, БУМ !!!!!! - напиша Спирс во декември 2023 година: - По Божја милост, алармот се вклучи после тоа и, „ипи ура“, никој не беше повреден. За жал, сега ми останаа само две парчиња опрема и еднострано огледало за теретана! Но, можеше да биде многу полошо, па затоа сум благодарна. Ама пст, сепак преферирам да вежбам надвор.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk