Изразот „и птиците на гранка знаат“ деновиве стана буквален благодарение на еден папагал и неговата сопственичка Данијела.
Имено, Данијела од Риека на својот Фејсбук-профил објави видео од нејзиниот папагал Тото како заедно со неа ја пее „Мама ШЧ“ од овогодинешните хрватски евровизиски претставници.
Секако, дури и птиците на гранка веќе знаат дека станува збор за бендот Лет 3, кој, исто така, е од Риека.
Коментарите под видеото само се ределе, а сите се воодушевени од настапот на Тото и Данијела. Многумина велат дека двоецот е поталентиран од некои пејачки и пејачки, но што и да мислите, ова видео дефинитивно го подигнува расположението и носи насмевка.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата