logo
logo
logo

Спасен сподели случка со Андреј: БАТКО СПАСЕН ЧУВАЈ МИ МАСИЧКА ЌЕ ТИ ДОЈДАМ ВЕЧЕР, ДОЈДЕ И ГО ЗЕДЕ МИКРОФОНОТ (ВИДЕО)

Vecer | 17.03.2025

Спасен сподели случка со Андреј: БАТКО СПАСЕН ЧУВАЈ МИ МАСИЧКА ЌЕ ТИ ДОЈДАМ ВЕЧЕР, ДОЈДЕ И ГО ЗЕДЕ МИКРОФОНОТ (ВИДЕО)

Андреј Ѓоргиески од бендот ДНК го загуби животот во трагичната несреќа во пожарот во дискотеката во Кочани, спасувајќи други животи.

По трагедијата која ја потресе Македонија неговите пријатели се збогуваат на социјалните мрежи.

Пејачот Спасен Силјановски на својот профил сподели приватно видео каде е заедно со Андреј:

Ми се јави на телефон и ми вели: Батко Спасен чувајми масичка ќе дојдам вечер на свирка кај тебе....Јас му одговарам: Абе брат шо бараш, нема да ти се допадне. Ти си урбан лик а јас сум фолк тип. Не братко Спасен, ние сме слични, двајцата сме го поминале истиот трнлив пат до успехот. Ти од Кичево, а јас од Дебар, ние мора да се држиме и да се помагаме...Така и бидна, вечерта се појави во ресторанот, го замолив да ни испее нешто од неговиот репертоар. Без двоумење го зеде микрофонот и ги дигна сите на нозе. Е тоа беше тој Андреј. Човек во вистинска смисла на зборот. Другар, искрен, чесен, патриот, хуманитарец. Беше херој и замина како херој

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk