logo
logo
logo

Џамбазов за Сара: ИМАШЕ ОЧИ ШТО ЗБОРУВААТ...

Vecer | 17.03.2025

Џамбазов за Сара: ИМАШЕ ОЧИ ШТО ЗБОРУВААТ...

Во несреќата во Кочани животот го загуби професорката по пијано на Факултетот за музичка уметност, Сара Пројковска, која беше придружен вокал во групата „ДНК“, го загуби животот во пожарот во дискотека во Кочани, потврди Факултетот за музичка уметност.

Пројковска беше самохрана мајка на две деца.

Таа во текот на својата кариера пееше придружни вокали за речиси сите поп пејачи во Македонија. Нејзиниот поранешен сопруг, џез-трубач и професор по труба, Александар Николовски, почина во 2021 година на 48-годишна возраст.

Познатите на социјалните мрежи се простуваат од Сара

Имаше очи што зборуваат.

На земја те соборуваат.

А под нив една насмевка вредна вечност.

Сарке мила, ќе те паметам дур дишам…

Игор Џамбазов, посветено на Сара Пројковска…

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk