logo
logo
logo

Памела Андерсон ги зачуди сите на црвениот тепих: Што ѝ се случило? (ФОТО)

Vecer | 12.09.2024

Памела Андерсон ги зачуди сите на црвениот тепих: Што ѝ се случило? (ФОТО)

57-годишната поранешна ѕвезда на Baywatch се појави во црн костум, кој го комплетираше со чевли на високи потпетици и црни кожени ракавици и за таа пригода носеше минимална шминка.

Нејзиното појавување без шминка предизвика различни реакции. Додека некои го пофалија нејзиниот природен изглед, други пишуваа дека изгледа неуредно. "Едноставна елеганција. Прекрасна", напишал еден корисник на X. „Што се случило со неа“, прашала друга личност, додека трет коментирал: „Изгледа разбушавено и запоставено“.

Да потсетиме дека Памела веќе некое време се појавува во јавноста без шминка и стана заштитно лице на движењето природен изглед. Таа претходно изјави за Elle дека престанала да се шминка откако нејзината долгогодишна шминкерка и пријателка Алексис Вогел почина од рак на дојка во 2019 година.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk