Двајца агенти биле снимени како стојат пред домот на актерот, а на нив им се придружиле и двајцата заменици на шерифот. ФБИ наводно го истражувал неодамнешниот инцидент во кој приватен дрон се судрил со хеликоптер кој гаснел пожари во Лос Анџелес.
Потсетуваме дека Афлек мораше да ја напушти својата вила вредна 20 милиони долари, која остана недопрена од пожарот. Викендов папараците го снимија пред вилата со најстарата ќерка Виолет (19) која во еден момент ја прегрна.
Бројот на загинати во пожарите што беснеат низ Лос Анџелес се искачи на 24, а 100.000 луѓе во моментов се евакуирани од своите домови. Метеоролозите предупредуваат дека очекуваните силни ветрови би можеле дополнително да ги разгорат пожарите во наредните денови.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата