Телото на актерката наводно било пронајдено во куќа која изгорела до темел, објави Дејли Мејл.
Тажната вест ја потврди и нејзиното семејство.
„Пред околу еден час судскиот вештак потврди дека нејзините останки се пронајдени на имотот“, напишала една од нејзините правнуки на Фејсбук.
Актерката позната како Momma D глумеше во „Lady Sings the Blues“, имаше 95 години и долго време беше во пензија.
Таа се појави и во филмовите „The 10 Commandments“ и „Blues Brothers“.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата