„Тогаш реков дека завршив со глумата, но мајка ми рече: „Не би се откажала целосно. Чувај ги твоите опции отворени. Само слушај ме. Продолжи. Не велам дека треба да го правиш тоа на на ниво што го правеше тоа, но јас не би се откажала целосно“, изјави 57-годишната актерка, која на крајот го следеше советот на нејзината мајка. Три години подоцна, таа ја доби својата трета номинација за Оскар за нејзината главна улога во филмот „Зајачка дупка“.
„Тоа дојде од жена од генерација која ги немаше можностите што ги имав јас и помогна да се создадат за нејзините ќерки. Така што веројатно тоа е нешто што сакаше да го има кога беше мала“, додаде Кидман.
Нејзината мајка беше голем поддржувач
Мајката Жанел била голем поддржувач на Никол во нејзината кариера. Таа почина во септември оваа година кога Кидман беше во Венеција за да ја прими наградата за најдобра актерка на Филмскиот фестивал, благодарение на нејзината улога во трилерот „Babygirl“. Актерката веднаш отпатувала дома, а наместо тоа наградата ја прими режисерката на филмот Халина Рејн, која ја прочита нејзината изјава.
Извор: Индекс.хр
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата