Пред 32 години беше објавен „Bleach“, деби албумот на еден од најдобрите гранџ бендови на сите времиња, Нирвана.
„Sub pop“ го издаде овој албум и тој е единствениот албум на Нирвана издаден од оваа куќа, а интересно е тоа што Чед Ченинг свири тапани на овој албум, додека на другите беше Дејв Грол.
„Bleach“ добро се снајде во САД - продадени беа 1,9 милиони копии и се наоѓа на 13-тото место на листата на најдобри гранџ албуми.
Најпопуларна и најдобра песна на овој албум е „About a girl“.
https://youtu.be/Y0Dwk1vi5Lw
Дури и по 32 години, се поставува прашањето - дали Нирвана му украде воведот и ритамот на Парни Ваљак?
Секако, треба да се земе предвид дека басист и основач на бендот беше Крист Новошелиќ, Американец со хрватско потекло.
Тој е роден во Калифорнија, неговите родители се хрватски имигранти Кристо и Марија. Тие живееле во хрватскиот дел на Лос Анџелес, Сан Педро, а кога имал 15 години, родителите го испратиле во Хрватска.
Живеел таму со неговите баба и дедо во Задар и тоа било 1980 година.
Таму тој се запознал со тогашниот југословенски рок, каде што Србите и Хрватите имаа одлични бендови, па и тие имаа големо влијание врз него, што се однесува до неговата музичка кариера.
Потоа се заинтересирал и се заљубил во Прљаво Казалиште, Забрањено Пушење, Парни Ваљак и Азра.
Се смета дека тогаш тој ја слушнал песната „Hrast“, која му била една од омилените. Излезе во 1979 година, десет години пред „About a girl“.
https://youtu.be/80-ekOM9XXk
Кога неговиот брат Роберт го запознал со Курт Кобејн и кога започна целата приказна за Нирвана, се споменува дека на Кобејн му се допаднале некои рифови и дека на крајот го зел ритамот за неговата песна од Парни Ваљак.
Ништо не е потврдено, но музиката на двете песни звучи практично исто.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата