logo
logo
logo

Силвестер Сталоне од секогаш сакал да глуми еден јунак на Марвел (ВИДЕО)

Vecer | 27.03.2025

Силвестер Сталоне од секогаш сакал да глуми еден јунак на Марвел (ВИДЕО)

Сталоне е во филмовите Guardians of the Galaxy Vol. 2 и 3 го играше Стакар Огорд, водачот на платеници и криминалци наречени Раваџери, на кои во еден момент им се придружува Гамора (Зое Салдана). Но, интересно е што познатиот актер сакал да игра сосема поинаква улога.

За време на интервјуто за Hollywood Reporter, за промоција на серијата Tulsa King, новинарите го прашале дали има некој лик од стрипот што сакал да го игра, но не добил шанса, а Сталоне одговорил дека го интересирала улогата на Ник Фјури.

„Не личам на ниту еден стрип-јунак“, искрено рече тој, алудирајќи на неговиот препознатлив изглед и лут глас. Потоа додаде: „Кој е тој човек што Сем Џексон на крајот го играше? Кога репортерот потврди дека мислел на Ник Фјури, Сталоне низ смеа одговорил: „Да, мислев дека можам да играм такво нешто, каде што не сум главниот лик“.

Покрај тоа што глумеше во филмскиот универзум на Марвел, Сталоне се испробал и во адаптациите на стриповите на DC. Во филмот The Suicide Squad, во режија на режисерот на Guardians of the Galaxy, Џејмс Ган, тој му го позајми гласот на антихеројот Кинг Шарк.

За време на истото интервју, Сталоне откри дека го интересира уште еден лик, Терминатор, но додаде дека е свесен дека тоа не е улогата за него.

"Никогаш не би можел да го играм Терминатор. Никој не би сакал да направи робот со искривена уста и глас што го прави да звучи како гробар", се пошегувал актерот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk