Преубава е атмосферата вечерва во Кочани на настапот на Караванот „Македонијо во срце те носиме“ по одличните концерти во Штип, Битола, Велес и Прилеп.Концертот се одржува во “Паркот на револуцијата“, погледнете ја атмосферата во живо:
„Македонијо во срце те носиме“ е проект со потписот на Скендеровски продукција, во чии рамки се препеани 12 родољубиви песни – сите спакувани во ново руво од маестро Николче Мицевски.
Проектот има за цел да им се продолжи векот на песните и да се испрати порака особено до младите генерации дека треба да го чуваме она што го имаме, највредното – нашата земја и нејзиното наследство.