logo
logo
logo

Крај на телевизиската ера на Оскарите - од 2029 година ќе се емитуваат преку Јутјуб

Vecer | 18.12.2025

Крај на телевизиската ера на Оскарите - од 2029 година ќе се емитуваат преку Јутјуб

Телевизијата Еј-Би-Си ќе го пренесува настанот до 2028 година, кога ќе се одржи јубилејното 100-то доделување на Оскарите, а од 2029 до 2033 година, Јутјуб ќе ги поседува ексклузивните права за пренос во живо. Со овој договор Јутјуб станува главна дигитална платформа за сите содржини поврзани со Оскарите, вклучувајќи го преносот од црвениот тепих, доделувањето на Гувернерските награди и објавувањето на номинациите.

Свеченото доделувањета ќе биде достапно бесплатно за публиката ширум светот, со повеќејазичен аудиопренос со титлување.

- Со ова партнерство Академијата го проширува своето светско достигнување и ја приближува церемонијата до нова публика, изјави извршниот директор на Академијата Бил Крамер и претседателката Линет Хауел Тејлор.

Иако големите манифестации сè повеќе се насочуваат кон стриминг- платформите, Оскарите се први меѓу т.н. „голема четворка“ што целосно се откажуваат од класично телевизиско емитување. Така, еден од најгледаните  настани преминува под водство на „Гугл“, чија платформа Јутјуб има околу две милијарди корисници.

Овој договор претставува културно партнерство кое ја слави уметноста со цел да се инспирира новата генерација на филмски автори и публика, изјави Нил Мохан, извршниот директор на Јутјуб.

За таквата донесена одлука од страна на Американската академија за филмски уметности и науки, Еј-Би-Си засега се воздржаа од коментари. Телевизијата децении наназад го емитуваше  доделувањето на оскарите од 1961 година, со исклучок на периодот од 1971 до 1975 година, кога церемонијата беше повторно емитувана  од Ен-Би-Си. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk