logo
logo
logo

Манекенката со најдобро тело во својата 5-та деценија изгледа како да има 25 години

Vecer | 04.07.2024

Манекенката со најдобро тело во својата 5-та деценија изгледа како да има 25 години

Атрактивната Жизел Бундхен тврди дека некои намирници ѝ го промениле животот.

Секогаш кога ќе видиме убава манекенка на модната писта, веруваме дека нејзиното тело ѝ е „дадено од Бога“ или дека деновите ги поминува во сала за вежбање. Сепак зад сето тоа честопати стои грижата за она што го внесува во своето тело. Некои од нив решиле да откријат што се крие зад нивната виталност.

Бразилската манекенка и актерка Жизел Бундхен (43), која со години преку пистите и насловните страници мами воздишки кај мажите, ги открива своите навики во исхраната пред своите обожаватели. Таа во својата најпродавана книга за кулинарство, „Nourish“, открива што сочинува нејзиното дневно „мени“.

Оваа манекенка на Инстаграм споделила детали за нејзините омилени зачини кои ѝ помагаат да остане витка.

- Храната е најдобриот лек. Почувствував голема разлика во мојот живот кога почнав подобро да ја избирам храната – открива таа.

Оваа бразилска убавица открива без кои специфични вкусови не може.

Жизел не може без ѓумбир, кој го помага варењето и има антиинфламаторни својства, додека магдоносот содржи антиоксиданси и дава „добар здив“, наведува „Daily Mail“.

Освен овие зачини, бразилскиот супермодел истакнува дека и рузмаринот е високо на нејзината листа бидејќи го стимулира имунолошкиот систем и го подобрува варењето. Повеќето од нас знаат колку куркумата позитивно влијае на нашиот организам, па многу жени ја вклучуваат при приготвувањето на многу јадења.

Така и Жизел, смета дека овој егзотичен зачин е добар за здравјето на срцето, па со задоволство го препорачува. Босилекот е моќен антиоксиданс, а црниот пипер помага во апсорпцијата на хранливите материи.

Покрај овие зачини, тука се и ориганото и циметот кои ја подобруваат циркулацијата.

Таа верува дека јадењето непреработена храна полна со витамини и хранливи материи ни помага да останеме здрави и да се чувствуваме добро.

Жизел моментално е во врска со Жоаким Валенте, а посебно внимание привлече со демантирање на тврдењата дека го изневерувала својот поранешен сопруг истакнувајќи дека жените се тие кои имаат храброст да напуштат токсична врска, а најчесто ги обвинуваат поради разделбата – пренесува истиот портал.

Иако многумина веруваат дека парот е во врска со години, тие двајца ја потврдија својата романса во јуни минатата година. Сепак, нејзиниот поранешниот сопруг, Том Брејди мисли поинаку.

Жизел со години важи за една од најатрактивните жени на модната сцена. Освен исхраната на која е особено посветена, таа често во своите објави на социјалните мрежи споделува дека практикува вежбање и медитација.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Gisele Bündchen (@gisele)

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk