logo
logo
logo

Малку познати детали од животот на славниот актер: Негативецот од Титаник е со балканско потекло

Vecer | 28.02.2021

Малку познати детали од животот на славниот актер: Негативецот од Титаник е со балканско потекло

Били Зејн (55) се прослави со улогата негативец во популарното остварување „Титаник“, кој имаше мисија да се венча со убавата Роуз (Кејт Винслет) и така да ја одвои од Џек (Леонардо ди Каприо).

После „Титаник“, актерот никогаш не глумел во филм кој постигнал толкав успех, а не само што му стагнирала кариерата, туку и неговиот имиџ е далеку од заводнички.

Меѓутоа, многумина не знаат дека овој актер всушност има балканско потекло. Имено, Били Зејн е роден во семејство на имигранти од Грција. И мајка му и татко му потекнуваат оттаму, а вистинското презиме му е Занетакос.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Billy Zane (@billyzane)

Сепак, после преселбата во Америка, неговите родители го промениле презимето во Зејн - кое е познато американско презиме. На овој потег се одлучиле за побрзо да се прилагодат на животот во Чикаго, каде што актерот пораснал.

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk