Лара Иванова ќе биде дел од овогодинешното издание на Макфест, каде заедно трап ѕвездата Пајак на јавноста ќе и претстави дуетот со наслов „Bella“.
Песната зборува за секојдневието на еден вљубен пар и за сите авантури што им се случуваат на нивниот љубовен пат. „Тоа, тоа, тоа што го правиш намерно, тоа, тоа јас по тебе трагам упорно...“, пеат Лара и Пајак, чиј потпис стои зад текстот и музиката на „Bella“. Аранжманот, пак, е дело на Иван Јованов-Ивајо.
Името за Пајак се врзува за темите „Dark side“, „Hellboy“, „Ноќва“, „Срце“, „Проблем“ кои имаат милионски број прегледи, што го потврдува фактот дека овој млад пејач го очекува светла иднина.
Тизерот за „Bella“ е веќе објавен, а официјалната промоција на песната и спотот кој е во финални подготовки, ќе може да ги слушнете и погледнете на 22октомври, на втората фестивалска вечер на Макфест.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата