logo
logo
logo

КРУШАТА ПОД КРУША ПАЃА

Андреј свирел, а тато Дени од Браво бенд се тресел од трема во публика!

Vecer | 24.12.2024

Андреј свирел, а тато Дени од Браво бенд се тресел од трема во публика!

Се вели „крушата под круша паѓа“, а дека има многу вистина во оваа народна е доказ и 8-годишниот син на Дени од Браво бенд, малиот Андреј.

Имено, Андреј од мали нозе покажал талент за музика, а веќе некое време е дел од музичкото училиште Крешендо, каде изучува пијано и музички се образува. И се си одело, што се вели, како подмачкано, додека не дошол завршниот концерт во Филхармонија, на кој третоодделенецеот Андреј требало да покаже што научил. Е тука почнале маките за тато Дени кој, со оглед на тоа дека прв пат го гледа својот наследник на сцена, „пукнал“ од трема.

„Буквално се тресев од трема, мислам дека јас и сопругата бевме повозбудени од Андреј, кој како вистински професионалец си го одработи својот дел. Среќен сум што покажа желба и талент за музика и, нормално, како и секој родител сум горд на своето дете“, вели Дени кој заедно со сопругата Тина го следеле настапот од првите редови. 

Поддршка и гушкање од бато Даријан
Поддршка и гушкање од бато Даријан

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk