Се очекува најспектакуларно финале досега
Вечерва се одржува големото финале на натпреварување “Ѕвездите на Гранд“, а за првото место ќе се борат 16 финалисти од Србија; Бих, Црна Гора и Македонија кои влегоа во најтесниот круг после скоро две години музичка борба.
Оваа сезона прв пат во “Ѕвездите на Гранд“ одлука за тоа кој ќе биде победник на натпреварувањето нема да бира стручно жири, туку исклучиво публиката по пат на СМС гласање.
Се очекува дека финалистите ќе дадат се од себе да бидат што подобри вечерва на сцена, но бидејќи во светот на шоубизнисот одамна не е доволно само одлична вокална способност, од нив се очекува и иновативност во настапите, костимите и кореографиите.
Од видео снимката која ја објави Гранд продукцијата на својот јутјуб канал, изгледа не очекува најспектакуларно финале досега, а гледаме дека натпреварувачите оваа година не им недостасувале креативни идеи за настап.

На снимката во шминкерна се гледа како Марија Груевска со разголени мажи. Најавила дека подготва нешто невидено досега.
Кусо се појавила и Кристина Тодоровиќ која држела статуа на победник.

- Една убава извајана статуа, а бидејќи јас одам кон тоа да се извајам, потребна ми е една таква. Јас од оваа статуа не се одвојувам – рекла Кристина.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата