logo
logo
logo

Карлеуша удри по министерот Вулин: Каде беше ти кога мои голи фотографии се споделуваа по социјални мрежи?

Vecer | 09.03.2021

Карлеуша удри по министерот Вулин: Каде беше ти кога мои голи фотографии се споделуваа по социјални мрежи?

Пејачката Јелена Карлеуша на својот Инстаграм профил објави статус посветен на новата социјалната група на „Телеграм“ наречена „балканска соба“.

По објавувањето на српските медиумите и поддршката од јавноста за постоење на балканска мрежа налик на „Јавна соба“ во која партиципираат околу 36.000 мажи од Балканот и кои споделуваат експлицитни фотографии, снимки, но и адреси од жени од регионот, се огласи јавно и Карлеуша со свој коментар.

„Гледам медиумите групно ги осудуваат оние кои на друштвената мрежа „Телеграм“ споделуваат фотографии од девојки и жени без нивно знаење и дозвола, со цел омаловажување и освета на истите. Се огласи дури и министерот за внатрешни работи, Вулин, кој најавува апсење на креаторите на групата. Драги медиуми, вие единствено треба… “ – е само почетокот на јавното обраќањето на Карлеуша.

Во својот статус таа револтирано продолжува да ја напаѓа јавноста, медиумите и органите за безбедност, затоа што досега никој неа не ја заштитил првенствено како жена, а потоа како јавна личност од која постојано се објавуваат голи фотографии и невистини за кои медиумите немаат дозвола.

Исто така Јелена напомена дека била и уценувана и заплашувана со фотографии со експлицитна содржина, но кога таа не потклекнала на заканите и кога фотографиите „испливале“ во јавноста, сите корисници на социјалните мрежи и медиумите ги споделувале без да размислат дека ги прекршуваат човековите права.

Таа вели дека со месеци била на удар на медиумите и јавноста веројатно алудирајќи на скандалот со фудбалерот Огнен Врањеш.

„Тогаш не ви дојде до заштита на жените, тогаш не се огласи министерот за внатрешни работи“ – продолжува Јелена во своето обраќање до јавноста, истражните органи и широката јавност.

Објавата на Јелена ја споделија бројни јавни личности кои се засегнати со истиот проблем и кои се чувствуваат незаштитено, а сето тоа лошо влијае и на нивните семејства кои страдаат заедно со нив, пишува Слободен Печат.

Една од македонските ѕвезди која јавно ја подржа Карлеуша е нашата пејачка Тамара Тодевска споделувајќи го нејзиното обраќање на социјалните мрежи преку нејзиниот личен инстаграм – профил.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk