Пејачката Јелена Карлеуша важи за една од најстилизираните пејачки на овие простори, што секогаш го потврдува со својот стајлинг. Таа со години гради стил кој е се освен обичен и секојдневен, па Јелена на секој аутфит му дава личен шмек, по кој е препознатлива.
Овој пат Карли на својот Инстаграм објави серија фотографии и видеа кои ги оставија без здив нејзините следбеници.
Јелена на фотографиите е облечена во проѕирен мини фустан со циркони, кој ги запали мрежите, а за нејзиното врвно издание придонесоа обетките и фризурата со афро кадрици.
Сепак, она што многумина го забележаа беа цирконите во облик на рака кои ги покриваат интимните делови, а таа уште еднаш ги помести границите со своите модни предизвици.
- Борбена машина - напишала кратко, но моќно во објавата.
А под неа, куп комплименти.