31-годишната раперка го привлече вниманието на папараците и минувачите со големата чанта Шанел која чини повеќе од 12.000 долари (11.000 евра). Носеше и долг цветен фустан и црни балетанки. Нејзината фотографија од Дизниленд набрзо се прошири на социјалните мрежи, а многумина коментираа дека ваквата чанта не и прилега на нејзиниот аутфит.
„Елеганцијата не се купува со пари“, „Изгледа како циркус“, напишаа некои.
Извор: Индекс.хр
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата