logo
logo
logo

(ФОТО) Актерката го покажа најсензуалното деколте кое досега сме го виделе

Vecer | 16.10.2021

(ФОТО) Актерката го покажа најсензуалното деколте кое досега сме го виделе

Џесика Честејн заблескала во светкав фустан и покажала како на многу дискретен начин може да го открие деколтето, а притоа да изгледа сензуално и убаво.

На црвениот тепих донела доза гламур и висока елеганција и ги воодушевила модните критичари.

Актерката Џесика Честејн вчеравечер присуствувала на премиерата на филмот „The Eyes Of Tammy Faye“ на Филмскиот фестивал во Рим, а нејзината појава навистина била поинаква, различна од сè што сме виделе во последно време.

Црвенокосата ѕвезда прошетала на црениот тепих во одмерена и елегантна креација, која ја потпишува модната куќа „Гучи“.

Фустанот се состои од два дела - црвено здолниште од тил и светки, а синиот горен дел на префинет начин го открива нејзиното деколте.

Исто така, околу вратот носела одмерен детаљ - раскошен гердан со шарени циркони.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk