logo
logo
logo

Филмот „Конклава“ со 283 отсто поголема гледаност

Vecer | 23.04.2025

Филмот „Конклава“ со  283 отсто поголема гледаност

Филмот сега е достапен на разни телевизиски и стрим-платформи, а заплетот се врти околу изборот на нов понтиф.

„Конклава“, со Рејф Фајнс, Џон Литгоу и Стенли Тучи во главните улоги, под палката на режисерот Едвард Бергер, беше кандидат за низа филмски награди годинава, меѓу кои и номинацијата за „Оскар“ за најдобар филм, најдобра машка улога итн. Новите мерења на стрим-платформата „Амазон прајм видео“ покажуваат 283 отсто раст на гледаноста на ова остварување оваа седмица.

И филмот „Двајцата папи“ (The Two Popes) од 2019 година, исто така предизвика голем интерес. Опишан како „инспириран од вистински настани“, овој филм раскажува за пријателството меѓу неодамна починатиот папа Франциск и неговиот претходник Бенедикт XVI, кој се повлече од местото поглавар на Римокатоличката црква и му го препушти на својот наследник.

Гледаноста на овој филм на „Нетфликс“ се зголемила за 417 отсто од неделата досега.

Папата Франциск почина во понеделникот наутро - ден по Велигден, на 88-годишна возраст, по компликации од мозочен удар.  

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk