Пејачката Емина Јаховиќ неодамна објави неколку фотографии на Инстаграм, а нејзиното младешко лице го привлече вниманието на јавноста.
Во бел топ, шарени шорцеви и со минимална шминка, пејачката се сликаше пред огледало, а фотографиите предизвикаа лавина коментари за нејзиниот изглед.
Секако, како што обично се случува, многубројните следбеници на Емина застанаа на нејзиниот профил за да и дадат неколку комплименти, но и барање.
„Те молам, никогаш немој да станеш како Мајкл Џексон“, коментира следбеник, алудирајќи на неодамнешните козметички зафати на Емина.
View this post on Instagram
Емина Јаховиќ ја изненади пошироката јавност со „нов лик“ на доделувањето на музичките награди „MAC“ во Белград. Уште тогаш многу од следбениците на Емина на социјалните мрежи ја забележаа промената на нејзиното лице, па во коментарите и напишаа дека едвај се препознава.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата