logo
logo
logo

Не, ова не е Бјанка и е уште поскандалозна од неа: Без никаков срам ја покажа позадината (ФОТО)

Vecer | 13.04.2025

Не, ова не е Бјанка и е уште поскандалозна од неа: Без никаков срам ја покажа позадината (ФОТО)

Се чини дека Џулија Фокс се труди максимално да ја имитира Бјанка Ценсори, па нејзиното последно појавување многу личи на скандалозниот партнер на Канје Вест.

Актерката Џулија Фокс беше на фестивалот Revolve во Калифорнија и по тој повод ги остави сите без здив со своето модно издание.

Во позитивна или негативна смисла, прашањето е сега. Нешто слично направила и на Оскарите, кога била целосно гола.

Контроверзната Џулија избра скудно боди кое го усогласи со најлонски чорапи, но на тој начин што и беа откриени интимните делови, поточно и се гледаше долната облека.

Таа комплетираше сè со необична кожна „јакна“ и чизми, а дури и фризурата ја потсети на Бјанка Ценсори.

Со оглед на нејзиното минато со Канје Вест, не е изненадување што таа сега се однесува на овој начин.

Изгледа дека таа на секој начин се обидува да привлече внимание, можеби дури и на самиот рапер, но секако провокативните и разголени изданија никогаш не биле непозната територија за Јулија.

Ова модно издание беше речиси исто како и неколку на Бјанка, а најмногу потсетуваше на нејзината облека кога таа возеше ролери.

Не е прв пат Јулија да наоѓа инспирација во Бјанка, а што ќе се случи во иднина останува да видиме.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk