logo
logo
logo

ПОТРЕСНО: Морган Фримен откри зошто никогаш не ги вади златните обетки

Vecer | 13.04.2025

ПОТРЕСНО: Морган Фримен откри зошто никогаш не ги вади златните обетки

Актерот Морган Фримен ја откри причината зошто секогаш ги носи своите препознатливи златни обетки.

Морган Фримен носи златни обетки од 1987 година, кога се прослави во филмот Street Smart.

Но, тие не се само моден детал. Фримен еднаш објасни дека обетките служеле како „осигурување“ во случај на неговата смрт, особено ако умрел во странска земја.

„Тие вредат колку еден леш. Морнарите ги носеа поради истата причина, а јас ги носам поради тоа“, рече тој во една од своите објави на Инстаграм.

Откри од каде доаѓа неговата инспирација.

Инспирацијата за овој обичај ја нашол во филмот „The Crimson Pirate“ од 1952 година, во кој Барт Ланкастер глумел пират.

Фримен признал дека овој филм му бил важен затоа што дознал дека морнарите носат златни обетки за да обезбедат средства за нивниот погреб доколку умрат во странска земја.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk