57-годишниот актер е фотографиран во автосалон во Лос Анџелес. Тој се појави во лежерно издание, со фармерки и црна маица, а многумина забележаа дека се здебелил и изгледа непрепознатливо поради сивата брада.
Инаку, актерот ретко се појавува во јавноста, а последен пат беше снимен на погребот на Метју Пери, кој во серијата го глумеше Чендлер Бинг.
Да потсетиме дека Лебланк доби три номинации за Еми за улогата на Џои. По завршувањето на „Пријатели“, тој продолжи да го игра Џои во спин-офот наречен Џои, кој беше откажан по само две сезони, а потоа глумеше во ситкомот „Човек со план“, кој заврши во 2020 година.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата