- Имам рак на дебелото црево. Со оваа дијагноза се справувам лично и правам сѐ за да оздравам, со поддршка од моето неверојатно семејство. Се чувствувам добро и имам причина да бидам оптимист, изјави 47-годишниот американски глумец.
Глумецот го минува слободното време со неговата сопруга Кимберли ван дер Бик и нивните шест деца: Оливија, Џошуа, Анабел, Емилија, Гвендолин и Џеремаја.
И покрај дијагнозата, Ван дер Бик неодамна продолжи да работи. Се појави во една епизода на ТВ-серијата „Вокер“, а наскоро треба да излезе и филмот „На клупата: Кју-Би и јас“ (Sidelined: The QB and Me), каде што тој, исто така, глуми. Во декември, тој треба ќе се појави и во специјална емисија за подигање на свеста за ракот на простата, тестисите и дебелото црево.
Ван дер Бик е можеби најпознат по неговата улога како Досон Лири во тинејџерската ТВ-серија „Светот на Досон“ (Dawson's Creek) (1998 - 2003), којашто му донесе светска слава.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата