80-годишниот музичар е снимен како излегува со сопругата Пати (68) во ресторан, а парот бил добро расположен.
Гитаристот подоцна бил фотографиран на балконот на хотелот во бањарка како ужива во книга, а му се придружи неговата сопруга со која е во врска од 1979 година.
Двојката се запознала на нејзиниот 23-ти роденден во познатото Студио 51, се венчале во 1983 година и заедно имаат две ќерки Теодора и Александра. Кит и неговата поранешна партнерка Анита Паленберг имаат две деца Марлон и Анџела, додека нивниот син Тара починал два месеци по раѓањето.
Хансен, американска актерка и модел, претходно откри колку е романтичен нејзиниот сопруг со кого е во брак 40 години.
"Кит постојано ми снимаше микстејпи и на нив црташе прекрасни цртежи. Тоа беше неговиот метод на комуникација. Сите ги чувам во кутии. Илјадници такви касети. Зачував сè", рекла таа во едно интервју.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата