logo
logo
logo

Доделени наградите на Британската филмска академија за 2026

Vecer | 23.02.2026

Доделени наградите на Британската филмска академија за 2026

Церемонијата за најпрестижните британски филмски признанија беше водена од шкотскиот актер, ТВ-водител и режисер Ален Каминг. 

Филмот  „Една битка по друга“ („One Battle After Another“) ја освои наградата за најдобар филм, наградата за најдобар режисер му припадна на  Пол Томас Андерсон, напиша дневниот весник Гардијан. Роберт Арамајо, за улогата во филмот „Се колнам“ („I Swear“), беше прогласен за најдобар актер, додека пак наградата „БАФТА“ за најдобра актерка ѝ припадна на Џеси Бакли, за улогата во филмот „Хамнет“(„Hamnet“).„Хамнет“ беше прогласен за најдобар британски филм, додека наградата за најдобро оригинално сценарио ја доби филмот „Грешници“ („Sinners“) од Рајан Куглер.

За најдобар филм на странски јазик беше прогласен„Сентиментална вредност“ („Sentimental Value“), а титулата за најдобар документарец ја понесе „Г-дин Никој против Путин“ („Mr Nobody Against Putin“). „Зутополис 2“(„Zootropolis 2“) ја освои наградата за  најдобар цртан, додека за најдобар филм за деца и возрасни беше прогласен филмот „Бунг“  („Boong“). 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk