logo
logo
logo

Дениз Ричардс во ново реално шоу

Vecer | 11.06.2024

Дениз Ричардс во ново реално шоу

Работниот наслов за реалното шоу е „Денис Ричардс и дивите нешта“, што некои обожаватели можеби ќе ги потсети на еден од најпознатите нејзини филмови - еротиката „Диви нешта“ од 1998 година.

„Моето семејство и јас сме воодушевени што се враќаме дома во ‘Е!’. Семи и Лола имаа само 3 и 4 години кога првпат ја споделивме нашата приказна и сега го заокруживме тоа... (Продуцентот) Алекс Баскин и јас се запознавме кога се приклучив на „Вистинските домаќинки“ и ми се допадна работата на тоа шоу. Ова е совршено партнерство за шоуто за нашето семејство бидејќи нашите животи се полни со забава, љубов и непредвидливост и едвај чекаме публиката да ја сподели оваа авантура со нас“, изјави Ричардс преку соопштение за медиумите.

Како што објави „Ентертејнмент“, глумицата и претходно имаше свое реално шоу - „Дениз Ричардс: Комплицирано“, коешто се емитуваше на „Е!“ од 2008. до 2009 година. Познатата „Бонд девојка“ се појави и во две сезони во „Вистинските домаќинки од Беверли Хилс“ во 2019 и 2020 година.

Дениз Ричардс ја роди својата прва ќерка Семи, додека беше во брак со Чарли Шин во 2004. и втората - Лола, во 2006 година. А пак, во 2011 година Ричардс ја посвои и третата своја ќерка Елоиз. За Арон Фајперс се омажи во 2018 година, кој ја посвои Елоиз следната година. /МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk