logo
logo
logo

Деми Мур ПРЕТЕРАЛА со филери - Изгледа чудно

Vecer | 30.11.2021

Деми Мур ПРЕТЕРАЛА со филери - Изгледа чудно

Холивудската актерка Деми Мур (59) летово ги доби сите пофалби за тоа како изгледа во бикини, а со последното појавување во јавноста ги загрижи фановите кои мислат дека претерала со вбризгување филери и ботокс во јагодичните коски на лицето. Многумина коментираат колку нејзиното лице сега изгледа неприродно, дури и чудно.

Имено, американската ѕвезда на доделувањето на Британските модни награди 2021 година во Ројал Алберт Хол во Лондон се појави во гламурозно издание, а во центарот на вниманието беше нејзиното лице кое изненади многумина.

На лицето на актерката очигледни се трагите од зафати за естетско подмладување на кои актерката во последно време се почесто се подложува. Нејзините следбеници забележале дека нејзиното лице добива неприроден изглед поради прекумерното вбризгување филери и ботокс во јаболчниците и ја изразиле својата загриженост бидејќи актерката била позната како една од најубавите холивудски ѕвезди.

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk