logo
logo
logo

Даниел Крег е снимен со сопругата, заедничкото јавно појавување е вистинска реткост

Vecer | 30.09.2023

Даниел Крег е снимен со сопругата, заедничкото јавно појавување е вистинска реткост

Даниел и Рејчел се запознале во 1994 година на снимање на филм, а тој во тоа време бил во брак со Фиона Лудон. Тие официјално почнаа да се забавуваат откако и двајцата глумеа во филмот Dream House од 2010 година, а веќе следната година се венчаа во тајност на церемонија со само четворица сведоци.

„Се извлековме од тоа, го направивме тоа во приватност и имам многу луѓе на кои треба да им се заблагодарам за тоа“, изјави Даниел за GQ во 2012 година. Во септември 2018 година се роди нивната ќерка. Рејчел го има 17-годишниот син Хенри со нејзиниот поранешен вереник, режисерот Дарен Аронофски, додека Даниел ја има 31-годишната ќерка Ела од бракот со Фиона.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk